Горан Јевтиќ побегнал од Србија, ќе живее со африканско племе?

Српскиот актер Горан Јевтиќ побегнал. Во текот на вчерашниот ден српските медиуми соопштија дека против Јевтиќ е покренато обвинение поради сомнение дека кон крајот на јуни минатата година во тоалетот на Народниот театар во Сомбор обљубил 14-годишно момче.

Како што пишува српски „Курир“, Горан Јевтиќ побегнал и ја напуштил Србија. Весникот повикувајќи се на сопствени информации пишува дека тој заминал во Африка, каде неколку месеци ќе живее изолиран од цивилизација во едно африканско племе.

– Горан знаеше што му се подготвува и одлучи да си замине од земјата. Неколку дена пред да дознаат медиумите, тој имаше информација дека против него ќе биде покренато обвинение. Одлучи да оди во Африка и таму неколку месеци да живее во целосна изолација. Тој и порано правеше такви работи кога ќе се најдеше на некоја животна пресвртница, вели за српски „Курир“ пријател на актерот која сакал да остане анонимен.

Соговорникот тврди дека актерот често патува и дека веќе еднаш престојувал во Африка. Тој нагласува дека не е точно дека Горан Јевтиќ побегнал, затоа што тој планирал да се врати во Белград во октомври кога му почнуваат обврските.

Горан Јевтиќ побегнал и ја напуштил Србија.
Горан Јевтиќ побегнал и ја напуштил Србија.

Јевтиќ обвинет дека обљубил малолетник

Јевтиќ се гони за две кривични дела: обљуба врз немоќно лице, за кое е предвидена казна од две до десет години, како и за кривично дело недозволени полови дејствија, за кое може да заработи парична казна или затвор до три години, пишува српската новинска агенција.

Родителите на момчето поднеле кривична пријава против Јевтиќ

Инаку, на крајот на минатата година против Јевтиќ е поднесена приватна кривична пријава за наводна обљуба над 14-годишнен малолетник, од страна на родителите на момчето.

Тие тврдат дека Јевтиќ го обљубил нивниот 14-годишен син за време на минатогодишниот фестивал „Театарски маратон“ во Сомбор. Во одбрана на Јевтиќ тогаш застанаа сите негови колеги, кои покренаа и потпишување петиција за поддршка, а актерот досега не се огласувал за овој случај, но дел од медиумите пренесуваа дека тој ги отфрлил обвиненијата тврдејќи дека станува збор за глупости.

Актерот има богата кариера зад себе, но македонската јавност го памети по улогите во „Парада“, каде играше и Тони Михајловски, филмот „Ние не сме ангели“, како и филмот на Анџелина Џоли, „Во земјата на крв и мед“.

 

Повеќе информации за обвинението против Јевтиќ на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.