Горан Пандев со шокантна изјава- јавно откри кој го убедувал да не игра за Македонија!

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денеска пред Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, официјално го потврди скандалот, за кој изминативе денови „шушкаше“ домашната фудбалска јавност, а поврзан со поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз и членот на УО, Серафим Димовски, пишува спортскиот портал Екипа.мк.

На седницата на УО на ФФМ на која се разгледуваше разрешувањето на Серафим Димовски од раководното тело на Фудбалската федерација, всушност Пандев ја открива вистината за неговото заминување. Тој заедно со Јонуз, непосредно пред неодамнешниот собир на репрезентацијата, во Џенова го убедувал Пандев да не се враќа во националниот дрес. Сето тоа е повеќе од шокантно за капитенот на македонската репрезентација, кој, како што самиот вели во изјавата, официјално заведена во записникот од денешниот состанок, не може и не смее тоа да го сокрие од домашната јавност…

„Нема што да кријам, таа е вистината. Во Џенова ме посетија членот на Управен одбор на ФФМ, Серафим Димовски и поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз. Сакаа да разговараат со мене за македонскиот фудбал. Нормално, јас немам против никој да дојде тука, посебно кога се работи за фудбалски лица. Напротив. Но, бев изненаден околу темите за кои разговараа. Побараа од мене да не играм за македонската репрезентација, вели Пандев, објавува Екипа.