Празниците полека ни доаѓаат а истите без добра музика би биле нецелосни.
Новиот сингл на Папаз и Зен е веќе пуштен во етер деновиве и се работи за микс од funk, smooth jazz со r’n’b и Hip Hop примеси.
Позади звуците на саксофонот стои Папаз, за текстот се погрижи Тони Зен, а како автор на музиката и аранжманот се појавува единствениот Александар Масевски. Гитарите ги отсвире Иле Спасев.
Папаз и Зен ви посакуваат среќни божиќни и новогодишни празници, со „Надеж“ дека во новата година секој од вас ќе си го пронајде мирот.