Горан Таневски – пленумец за пари и бенефиции

Деновиве повторно се активираа членовите на инстант основаните пленуми, производи на СДСМ во рамки на стратегијата поддржана од „чадорот“ за уривање на државниот поредок и разнебитување на македонското ткиво. Своевиден предвесник на протести за масовно уништување на објектите на државните институции и спомен обележјата во главниот град.

Неретко, нивните протести завршуваа со насилство од страна на партиски членови кон недложни граѓани и случајни минувачи покрај толпите наоружани со пластични пушки и спрејови, јајца…

Сепак, сиот вложен труд – од организација на луѓе до подготовка на транспаренти, обраќања и давање изјави пред контролираните медиуми, се исплатеше за поистакнатите членови. Некои добија прилично големи хонорари, а некои високи државнички функции, како на пример Ивана Туфекџиќ од Студентскиот пленум, која наскоро треба да седне во пратеничките клупи резервирани за опозицијата.

Во таа насока и нејзиниот долгогодишен пријател, Горан Таневски од истиот пленум, кој често заедно со Туфекџиќ застануваше пред камерите и ги изнесуваше барањата и условите за прекин на протестите, а кој од вчера повторно медиумски е експониран и покажува наводна грижа за студентите сместени во студентските домови, исто така за возврат доби висока позиција, одлични хонорари, а попатно и многу бенефиции.

Тој е член на Младинскиот образовен форум – МОФ, невладина организација која е директно финансирана од СОРОС (за потсетување за само 4 години оваа организација добила 1 милион евра соросови пари за дејствување на штета на македонските национални интереси преку поттикнување на омраза меѓу граѓаните) и чиишто членови добиваат дебели хонорари за сите свои деструктивни активности.

Во меѓувреме партијата која ја поддржува и чии ставови застапува го поставува да биде претседател на Советот на млади во општина Центар, со која раководи Жерновски, коалициониот партнер на Заев.

танески1

Се работи за организација во која друштво му прават Давид Данаилов од СДММ и Теано Кардула од средношколскиот пленум, со кои најголем дел од работите ги држат под контрола и го делат буџетот од парите на Центарци.

танески2

Па така, позициите и хонорарите со кои е награден, на Горан Таневски му дозволуваат да организира скапи приватни патувања на атрактивни туристички дестинации, покривајќи ги притоа и трошоците за понежната половина.

танески3

Овој пленумец, нема право да говори за условите во домовите, затоа што повеќе од јасно е дека негова нога никогаш и не стапнала во објектите во кои  најчесто студентите од внатрешноста престојуваат и учат, или бесплатно или по минимални цени на чинење. Така што, во следното телевизиско излагање, можеби подобро е да говори за Монако, Барселона и другите европски метрополи кои се дел од неговите празнично – туристички агенди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.