Магазин

Горан Вишњиќ можен нов Џејмс Бонд

Горан Вишњиќ можен нов Џејмс Бонд

Последниве неколку денови повторно заживеа приказната дека нов Џејмс Бонд би можел да биде хрватскиот актер Горан Вишниќ.

Дури ни самиот Вишњиќ не сака да ги коментира овие написи, туку само кусо рече дека „не е професионално да се коментира улога која се уште не ја добил“, иако 42-годишниот актер тврди дека е горд со тоа што некои го гледаат во таа ролја.

По серијата „Extant“ и помалите улоги во „The Counselor“ на Ридли Скот, Вишњиќ ќе се појави во „Midnight Sun“ на Роџер Спотисвуд  и во кусометражниот филм „95 Decibels“, а дали неговата страница на ИМДП наскоро ќе биде збогатена и со улогата на Џејмс Бонд, ќе покаже времето.

Тоа што е сигурно е дека актуелниот Бонд, Даниел Крејг го очекуваат уште две продолженија со кои е врзан со договор, а потоа на ред доаѓа наследникот.

Сепак, според онлајн обложувалниците Горан Вишњиќ не е ни во првите пет кандидати за нов 007. Имено, во овој круг на потенцијални Бондови се наоѓаат: Идрис Елба, Том Харди, Мајкал Фашбендер, Ричард Армитиџ, па дури и Џејмс Мекави и Бенедик Кумбербат, додека Вишњиќ е во групата актери, кои се помалку веројатни како агентот 007, како што се: Хју Џекман, Орландо Блум, Сем Рајли, Гај Перц, Ерик Бан и Џорџ Клуни.