Горат четири стана во Чаир

Голем пожар беснее во населбата Чаир. Како што јавува Плусинфо, пожарникарите се борат да го изгаснат пожарот кој пламнал во зграда на улицата Цветан Димов во скопската населба Чаир. Засега се знае дека горат најмалку четири стана во зградата со број 26.

Испратени се сите расположливи екипи да го изгаснат пожарот.