Свет

Горбачов ги повикува Путин и Обама да и’ помогнат на Украина

Горбачов ги повикува Путин и Обама да и’ помогнат на Украина

Некогашниот советски лидер Михаил Горбачов го повика рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Барак Обама да организираат преговори во Украина, каде од неделата има судири меѓу антивладините демонстранти и полицијата, пренесе АФП.

Горбачов ги повика двајцата лидери да направат решителен чекор, за да и’ помогнат на Украина да се врати на „патот на мирот“.

Во отворено писмо до Обама и Путин, Горбачов изразува уверување дека двајцата можат да и помогнат на Украина, а завојуваните страни треба да седнат на преговарачка маса.

Горбачов истакна дека настаните не го загрозуваат само регионот, туку и Европа и целиот свет.