Ѓорче Петров доби нова градинка со капацитет за 120 деца

Нова градинка „Кокиче“ во комплексот на основното училиште „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров, денеска беше пуштена во употреба. Истата ќе има капацитет да згрижи 120 дечиња.

Градинката ја отворија градоначалникот на општината, Сокол Митревски, претседателот на Владата, Емил Димитриев, како и заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Со промена и комплетна адаптација на неискористен простор на основното училиште, се реши еден голем проблем на 120 семејства од општината. 50 години старата градинка која збирала само 100-на деца ќе биде затворена.

-Заедно со Владата и ресорното министерство за труд и социјалана политика и овој пат покажаа дека само со исполнување на ветените проекти може да се гарантира подобра иднина. Така е и така и ќе остане, рече градоначалникот Митревски.

gradinka3

Градинката е трета по ред, која што е отворена заедно во соработка со општината и Владата.

-Во Ѓорче нема да застанеме. Овие три градинки не се доволни и затоа ќе продолжиме и понатаму да инвестираме во изградба на отворање на нови објекти. Изградбата на еден од објектите е во завршна фаза и набрзо очекуваме да ги отвориме истите. Исто така во 2017 година планираме да започнеме со изградба на новата градинка во Волково, порача Спасов.

gradinka

Проектот за изградба на 140 градинки кои ќе згрижат околу 18.000 деца а ќе се изградат во наредните 4 години и со нив целосно ќе го реши деценискиот проблем со кој се соочуваат и останатите општини и градови во Македонија.

-Новите градинки значат нови генерации и подмладување на нацијата, а тоа за нас како Влада е од големо значење. Новите градинки значат дека во одредени места во државата има зголемена популација на деца а од таму е и потребата за нивно згрижување во предучилишни установи. Свесни сме дека голем број на деца се на листи на чекање, а исто сме свесни дека веќе постоечките се дотрајани и со недоволен капацитет да ги примат сите деца кои чекаат за таа градинка. Од тие причини Владата во изминатите неколку години спроведува план за реконструкција и отворање на нови градинки, рече премиерот Димитриев.

gradinka2

Покрај оваа градинка, во изминатите години Владата помогна во изградба на новата градинка „Пампурче“ во Новоселски пат, за проширување и пре адаптација на градинката „Росица“ во училиштето „Мирче Ацев“ која наскоро ќе биде пуштена во употреба.