Ѓорческа го освои фјучрсот во Денен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го освои трофејот на фјучрсот во францускиот град Денен, откако денес во финалето ја совлада Мари Осака од Јапонија.

Македонката победи со 2-1 во меч што траеше 2 часа и 26 минути.

Првиот сет и припадна на Ѓорческа со 6:2, во вториот поуспешна беше Јапонката со 7:5, а мечот беше решен по тајбрејкот во третиот сет (7:6).

Ѓорческа беше прва носителка на овој турнир на крајот ја оправда улогата на прв фаворит за трофејот.

Турнирот во Денен имаше награден фонд од 25 илјади долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.