Ѓорческа лесно се пласираше во полуфиналето на фјучрсот во Франција

Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во францускиот град Денен, откако во петокот во првиот четвртфинален меч со само четири загубени гема ја победи Чихиро Марамацу од Јапонија.

Резултатот по гемови беше 6:3 и 6:1 за најдобрата македонска тенисерка.

Единствената неизвесност во мечот беше кога по водството на Ѓорческа од 4:1 во гемови во првиот сет, противничката намали на 4:3 и имаше водство од 30:0 на свој сервис. Но, нашата тенисерка направи две серии од по четири гема и го доби мечот на убедлив начин.

Ѓорческа, која е прва носителка на турнирот (награден фонд 25.000 долари), утре во полуфиналето ќе игра против победничката од дуелот на француските тенисерки Менон Арканжоли и Одре Алби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.