четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Ѓорческа се искачи на 180-то место на ВТА листата

Ѓорческа има скок од две места и на листата во двојки каде со 580 поени се наоѓа на 130. место

lina-

Поврзани вести

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела се искачи на 180 место на ВТА листата што е нејзин најдобар пласман во кариерата. откако собра вкупно 300 поени.

На следното рангирање најдобрата македонска тенисерка ќе има нов напредок од околу десетина места, бидејќи поените од фјучрсот од Рим не ѝ сé уште впишани.

Ѓорческа има скок од две места и на листата во двојки каде со 580 поени се наоѓа на 130. место.

Следниот настап Ѓорческа треба да го има во квалификациите на Ролан Гарос.

Најчитани вести