Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на фјучрсот во Франција

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот што се игра во францускиот град Денен, отако во средата вечерта во мечот од второто коло ја совлада домашната тенисерка Маларуе Ноел со 2-0 во сетови.

Во првиот сет Ѓорческа имаше водство и сетот го доби со 6:4 во гемови, додека во вториот сет направи пресврт во сетот и по водството на ривалката од 4:1 и 5:2, го доби сетот со 7:5.

Во следното коло утре Ѓорческа ќе игра против Чихиро Мурамацу од Јапонија (480. место на ВТА листа).

Инаку, нашата тенисерка е рангирана како прва носителка на турнирот.

Втората македонска тенисерка која имаше настап на фјучрс турнир Магдалена Стоилковска загуби во меч од првото коло на фјучрс во Истанбул. Подобра од неа беше Анете Мунозова од Шведска со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2).