Ѓорческа со најдобар ранг на двете ВТА листи

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на денеска објавените ранг листи на ВТА во поединечна конкуренција и во двојки го забележа својот најдобар ранг.

Таа со вкупно 319 поени во сингл се наоѓа на 170 место (претходно најдобар ранг 171 место). Ѓорческа доби нови 17 поени.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа се наоѓа на 116 место по финалето на ВТА турнирот во Бол каде освои 95 поени. Таа има вкупно 645 поени, а досега најдобар пласман и беше 128 место.

Втората македонска тенисерка со ранг Магдалена Стоилковска во сингл е на 1.225 место, а во двојки е на 1.256 место и на двете ранг листи има по тери поена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.