Ѓорчев: Договорот со Бугарија треба да се потпише, но не под овие услови

Во мнозинството на СДСМ, ДУИ и Алијансата на Албанците нема слух за свикување на седница, слух нема ни во Владата, оцени пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во интервју за ТВ НОВА по барањето да биде свикана итна седница на која ќе се расправа за договорот за добрососедство со Бугарија.

-Власта увствува дека Македонците се вознемирени од договорот. Зборуваме за борба што трае со векови, а сето тоа во моментов е ставено под прашалник поради договор спроведен во неколку недели. Апелираме до власта да се испрaават неколку работи во договорот. Ние сакаме да се потпише договор, но не под овие услови и со оние забелешки што ги дадовме. Спорните точки за кои ВМРО-ДПМНЕ  имаше забелешка, на крајот се прифатија во полза на Бугарија. Тоа не е компромис. Додека Бугарија го пречека тримфално, кај нас договорот се криеше со месеци, зашто знаеа какви  ќе бидат реакциите. Сега 4-5 дена пред потпишувањето, власта ја стави пред свршен чин целата јавност, истакна Ѓорчев.