сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Ѓорчев: Граѓаните ги интересира зачувување на уставниот поредок и економскиот напредок

Мислам дека во тој дел ја имаме најобемната, најдобра програма досега и еден по еден ги претставуваме тие проекти рече Ѓорчев.

vlatko

Последни вести

Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ за шестата изборна единица Влатко Ѓорчев вечерва присуствуваше на отворањето на регионалниот изборен штаб во тетовска населба Мала станица. Ѓорчев тука пристигна откако претходно го посети Гостивар и околината.

– На11декември вечерта тука на ова место очекуваме да имаме одлични резултати, очекуваме  шеесет и три пратеници за стабилноста на Македонија , за унитарноста на Македонија, за уставниот поредок на Република Македонија и едноставно да пратиме порака дека и западниот и источниот дел на Македонија и Скопје и сите други делови на Македонија цврсто стојат на она што се нарекува македонска државност, изјави Ѓорчев, кој претходно беше во посета на Гостивар и околината.

Главни теми за разговор со граѓаните, според Ѓорчев, и денеска биле зачувување на уставниот поредок на државата и економскиот развој.

– Денеска посетив огромен број куќи, станови, домаќинства и дуќани во населбата Циглана и на кејот во Гостивар, на неколку други места и потоа во Тетово. Приемот е навистина одличен меѓу граѓаните и можам да ви кажам дека нив најмногу ги интересираат две работи-првата е зачувување на уставниот поредок и унитарниот карактер на државата, а втората е економски напредок, повеќе конкретни проекти за кои знаат дека ќе бидат реализирани. Мислам дека во тој дел ја имаме најобемната, најдобра програма досега и еден по еден ги претставуваме тие проекти рече Ѓорчев.

Најчитани вести