Ѓорчев: Груевски го има мандатот, Заев ако има европски манири да се јави и да ја честита победата

Испрати огромна благодарност до сите кои гласаа и до сите граѓани бидејќи изборите беа одржани во фер и демократска атмосфера.

-ВМРО-ДПМНЕ е партија со најголем број на мандати, Никола Груевски го има мандатот. Покажавме дека оваа држава самостојно одлучува и дека граѓаните се врховен арбитер Го повикуваме Заев и СДСМ ако има минимум доблест да се јави честита. ВМРО-ДПМНЕ има околу 20 000 гласови разлика и имаме јасна победа. Не очекуваме дека Заев ќе се обврзе на тоа што дека ако има 1 глас помалку ќе преземе политика одговорност, како што изјави самиот. Одлуката е негова и на членството на СДСМ. Исто така би сакале да потсетиме дека Македонија не е ни прва ни последна во која имало релативно тесни избори. Во 2000 година во САД на Флорида изборите беа одлучени со разлика од само 537 гласа во земја која имаше 300 милиони жители. Истата вечер тогашен потпретседател Ал Гор се јави на Џорџ Буш и му честита.

Цон Кери му честита н Буш. Во 2008 Мек Кејн истата вечер му се јави на Обама да му честита. Исто и оваа година во САД имавме честитање на победата. Во Германија разликата помеѓу Шредер и Штојбер беше 6 000 гласови. Во 2006 година во Италија разликата беше 25 илјади гласови, земја која е 30 патип поглема од амкедонија, разликата меѓу Проди и Берслускони беше 0,1%. И тогаш Берлускони му честиташе на Проди. Овој пат во Македонија разликата е поголема. СДСМ и Заев треба да имаат европски манири, да честитаат, да ги верификуваат изборите кои ги верификуваа сите западни земји, изјави Ѓорчев.

Во изминативе 2 години издржавме удари на кои многумина ќе паднеа, додава тој, ние не само што не паднавме туку победивме на поени.

-Ова е победна на Македонија, да се обединиме, да заврши кризата да си честитаме сите зошто победија граѓаните, демократската волја и на крајот да прославиме достоинствено, да им подадеме рака на сите и сите во Македонија да имаат шанса да бидат вклучени во демократскиот процес, заклучи Ѓорчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.