Ѓорчев: Крајно време е ДИК да ги објави мандатите

Крајно време е ДИК да ги објави резултатите од парламентарните избори и крајно време е после цела ноќ и ден ДИК да ги објави мандатите. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи и дека има кристална победа со изначитала разлика, изјави носителот на ИЕ 6, Владимир Ѓорчев на прес конференција.

Подвлече дека се загрижени поради доцнењето на резултатите.

-Згрижени сме зошто претседателот  на ДИК, Чичаковски, денеска во 12 часот си заминал од ДИК со објаснување дека мора да оди да спие. Го немало од 12 до 19 часот на денот кој е најважен кога треба си ја заврши работата. Улогата на ДИК е еднаш во 4 или 2 години да спроведе во избори. На најважниот ден претседателот на ДИК решил да замине со изговор дека ќе спие од пладне до 7 навечер. Да каже дали во меѓувреме навистина спиел или отишол на консултации за менување на волјата на народот. Дури 7 часа да си заминат од местото каде што треба да ја констатира волјата е навистина индикативно, рече Ѓорчев.

Во многу поголеми држави со многу повеќе жители 19, 20,  80 милиони жители 300 милиони, рече Ѓорчев,  за резултати кои биле потесни за неколку илјади гласа Државната изборна комисија на тие земји за неколку часа ги објавуваат резултатите и по неколку часа, а оној кој загубил се јавува на оној кој победил да честита.

-Цел ден ниту имаме честитка од СДСМ ниту констатирање на очигледна разлика и поголемиот број на мандати. Мапата на Македонија на страната на ДИК е обоена во црвено, на мапата е ВМРО и Коалицијата има победа во повеќе од 50 општини а СДСМ најмногу во 10 општини. Апелираме да се почитува волјата на граѓаните. Македонија вчера гласаше констатирајте го објавете ги мандатите да не помислат да ја фалсификуваат волјата на избирачите. Затоа што Македонија гласаше имавме фер и регуларни избори. Набљудувачите велат дека изборите поминаа во најдобар ред и време е да се честита на победникот, рече Ѓорчев.

Додаде дека сајтот на ДИК вели дека ВМРО-ДПМНЕ има освоено 453 000 гласови, а СДСМ 436 000, тоа е разлика од 17 000. А со гласовите од дијаспората тоа се повеќе од 20 000 гласови.

Резултатот, додаде Ѓорчев е 6:1 во општини за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, односно 50:10 во општини.

-Мандатот му припаѓа на Никола Груевски, СДСМ треба да ни ја честита победата. Македонија треба да излезе од кризата, да се верифицираат мандатите, да се состави влада, да се посветиме на Македонија, економија, граѓаните, евроатланската интеграција. Граѓаните очекуваат проекти а не сплетки, заклучи Ѓорчев.