четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 78

Ѓорчев: На Македонија и е потребна стабилна влада

Македонија сака да заврши оваа криза и потребна и е стабилна влада, која ќе може да ја врати Македонија на нормален и редовен колосек, истакна денес од Дебар Влатко Ѓорчев.

vlatko-gjorcev

Последни вести

На терен сме да се посетат што повеќе села, што повеќе градови за да се прати пораката дека  Република Македонија сака да заврши оваа криза, дека ни е потребна стабилна влада и дека Никола Груевски е човек кој најдобро може да се грижи за економијата, платите, пензиите.

Дека стабилната Влада ќе може да ја врати Македонија на нормален и редовен колосек, истакна денес од Дебар Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме две гарнитури, една предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која сака што повеќе да се вратиме на редовните проблеми на потребите на граѓаните, што е можно побрзо да се вратиме на периодот на отворање на фабрики нови работни места, зголемување на плати, пензии, субвенции…и од друга страна ги имаме СДСМ и Заев кои сакаат што е можно подолга криза, што е можно полоши економски текови, помалку инвестиции“, истакна Ѓорчев.

Најчитани вести