Ѓорчев на политичкиот самит на ИРИ во Виена

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев учествува на политичкиот самит на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) кој се одржува во Виена при што оствари средба со директорот на ИРИ Европа и директорот на Академијата на Австралиската народна партија.

олитичкиот самит на ИРИ за Европа се одржува во соработка со политичката академија на Австриската народна партија. На самитот учествуваат поголем број на учесници од САД, Франција, Полска, Словенија, Албанија, Србија, Чешка, Литванија, Естонија, Белгија и други земји.

Во рамките на самитот, Ѓорчев оствари средба со Јан Суротчак, директорот на ИРИ за Европа. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со соработката со ИРИ, а ВМРО-ДПМНЕ е долгогодишен партнер на ИРИ, кој е близок во Републиканците во САД.

Исто така, Ѓорчев се сретна со Дитмар Халпер, директор на политичката академија на Австриската народна партија, со која што ВМРО-ДПМНе е заедно во Европската народна партија(ЕПП).