Ѓорчев: Незапаметена страховлада, страв да се кандидираат против СДСМ

На прес конференцијата во понеделникотВладимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека овие избори биле полни со нерегуларности, избори во кои полицијата била целосно ставена во погон на СДСМ, каде беа поткупувани и заплашувани гласачи. На новинарско прашање дали градоначалниците и советници на партијата ќе поднесат оставка, Ѓорчев кажа дека секој градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, секој советник на ВМРО-ДПМНЕ е избран легално, со гласови со поддршка од народот, додека пак градоначалниците и советниците на СДСМ се избрани со поткуп и со насилство.

 

Ако некој треба да поденсе оставка тоа се градоначалниците на СДСМ, тоа се советниците на СДСМ, затоа што тие се тие што имаат бенефит од оваа лакрдија која што и се случи на Република Македонија. Изминативе 27 години никогаш во Република Македонија немало помалку кандидати на локални избори. Тоа кажува дека имаме страв, ние имаме една страхо-влада каква што немало во Република Македонија. После 27 години да имаме 36 општини, во кои што имаме само двајца кандидати, од ВМРО и СДСМ. Тоа зборува дека нема демократија во Македонија. Никој не се осмелува да се кандидира против СДСМ, ниту нивните коалициони партнери внатре. Ние сме имале коалиции, со наши коалициони партнери, па тие си излегувале со самостоен настап по општините, со самостојни советнички листи. Ние имаме 36 општини во кои никој не се осмеелел освен СДСМ, да се кандидира против овој режим, изјави Ѓорчев.

Напомена дека ако се анализира ќе се види дека секогаш имало општини, каде што покрај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се кандидирале помалите партии, локалните бизнисмени, локални трибуни, синдикални лидери, професори, различни луѓе, дека имало по 5-6 кандидати.

„Никогаш немало повеќе изборно насилство. Имало ли ситуација каде што кандидат, носител на советничка листа бил убиен во избори? Немало таква работа. Имаме ли ситуација каде што на лепење плакати актуелен градоначалник е претепан, со скршен череп? Што е последицата? Има ли последица за оној што го претепа градоначалникот на Шуто Оризари? Нема, има прекршочна пријава. Скршен череп, значи зборуваме за скршен череп на актуелен градоначалник, на лепење на плакати, на лепење на плакати“, рече Ѓорчев.

Кажа дека вчера од сообраќај бил тргнат член на ВМРО-ДПМНЕ, на возраст од 20-25 години, кој ја возел својата баба на 80 години на гласање, а во исто време полицијата носела жена која живее во Штип, а имала лична карта од Виница за да гласа таму.

„Ние ќе збориме тука за избори. Јас кога бев пред пет дена во Македонска Каменица, со години сум во избори, со години сум во кампања. Одиме на пазарот, пазарен ден беше, поздравување од тезга до тезга, со луѓе разговарање. Половина час после тоа, доаѓаат тројца луѓе од бодибилдингот во Македонска Каменица, вклучувајќи го и братот на кандидатката за градоначалник, сега и избрана и на 10 метри од нас. Знаете која атмосфера беше? Хондурас, Никарагва, Јужно Мексико“, рече Ѓорчев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.