Ѓорчев од Тетово: Ја примивме пораката од граѓаните и има уште многу проекти кои со вас заеднички ќе ги реализираме

Заедно и со членството да ја одбраниме унитарноста на Р. Македонија, порача вечерва од Тетово Владимир Ѓорчев носител на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ6.

-Секој од нас има личен повик да гласа за Македонија. Има многумина кои мислат дека некои работи сме ги погрешиле и треба да ги подобриме. Ја примивме пораката и има многу проекти кои со вас заеднички ќе ги реализираме. Во Тетово граѓаните имамат јасен избор и ќе можат да гласаат за личност која силно ќе ги брани државните интереси, ќе стои зад технолошки индустриската зона и многу други проекти. Изборот во Тетово е Горан Манојловски, рече Ѓорчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.