Ѓорчев: Потребни ни се 63 пратеници за нормализирање и напредок на државата

Во рамки на посетите кои ги остваруваат високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните во градовите ширум Македонија, со цел собирање на идеи кои ќе влезат во програмата за избори, денеска Гостивар е Влатко Ѓорчев.

-Денес сум во посета на гостиварскиот регион, после тоа во тетовско односно во делот на село Седларце веднаш до Брвеница, претходно бев во Галате, Врапчиште, еве сега населба Млаки, после тоа во населба Питарница, контакти со што е можно повеќе луѓе, разговор, размена на идеи, сослушување и едноставно да видиме што е она што можеме да го направиме како максимум во делот на владините политики. Исто така и поддршка на она што се нарекува локални проекти, локална самоуправа, комунални проекти, значи на кој начин да имаме што е можно подобра соработка помеѓу централната власт и локалните власти. Кога се бира Владата на Македонија, важно е да имаме стабилна Влада, со 63 пратеници, но тоа е исто така важно и за локалните проекти, затоа што најмногу може да се постигне доколку соработуваат Владата и локалните општини. Иато така потребни се 63 пратеници, да се вратиме на онаа нормална состојба, да се нормализираат состојбите во државата и државата да продолжи да оди напред, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.