Ѓорчев: Позицијата на СДСМ е ништо да не се промени во образованието

На денешната 67-ма седница на Собранието на Република Македонија, во реплика на пратеникот на СДСМ Љубиша Николиќ, по повод дискусијата за екстерното тестирање, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев истакна дека позицијата на СДСМ е ништо да не се промени во образованието.

За жал она што не можеме да го видиме изминатите месеци па дури и години, а што е клучно прашање на кое што СДСМ не дава одговор, а тоа е како да се подобри конкурентноста  на македонските ученици, како да се подобри конкурентноста на нашите деца кои треба глобално да се натпреваруваат во нередните 10, 20, 30 или 40  години , истакна Ѓорчев.

Тој додаде дека единствен одговор кои што го имаше СДСМ оваа године беше да се дигне востание против математиката.

СДСМ крена востание против математиката во ситуација во која што на пример имате цели земји па и континенти кои што го зголемуваат изучувањето на математиката, тестирањето исто така на математика. Значи имате земји како Кина, Индија, Малезија, Индонезија како и еден куп европски земји со кои што ние ќе треба да се натпреваруваме за инвестиции.

Ѓорчев потенцираше дека кога една фабрика ќе ја носи својата одлука за инвестирање, ќе ја изберат онаа земја каде што има најдобри програмери и инжењери.

Се согласуваме заеднички и вие и ние дека нашите млади треба да бидат поконурентни, се согласуваме дека треба да одиме напред и да непредуваме. И што е позицијата на СДСМ, позицијата на СДСМ е ништо да не се промени, ако ништо не се промени тогаш ќе го задржиме оној статус кво што пред малку се согласивме дека треба да биде подобрен, истакна тој.

На крајот додаде дека Македонија треба да биде земја каде што кога ќе дојде некој странски инвеститор ќе види дека има огромен потенцијал на луѓе кои што може таму да работат во професии со висока додадена вредност.