среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Ѓорчев: СДСМ тоне и се обидува да ја повлече државата со себе

ВМРО-ДПМНЕ, порача Ѓорчев, останува конструктивна во процесот и продолжува да работи во Собранието на Република Македонија.

Ѓорчев: СДСМ тоне и се обидува да ја повлече државата со себе

Ѓорчев: СДСМ тоне и се обидува да ја повлече државата со себе

Последни вести

Социјал демократскиот сојуз со одлуката за замрзнување на својата работа во Собранието и ултиматумот кон Уставниот суд ја продлабочува кризата во Република Мекедонија, смета Владимир Ѓорчев, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Според него со продлабочување на кризата губи народот и губи државата, а на крајот ќе загуби и виновникот за оваа состојба, а тоа е СДСМ.

– Колку што СДСМ повеќе тоне, толку повеќе се обидува да ја повлече со себе и државата, максимално пролонгирајќи ја кризата. Видоа дека цела домашна и меѓународна јавност почна да им се смее за измислените половина милион како што тие велат фантоми во избирачкиот список, откако ВМРО ДПМНЕ им предложи да понудат каква сакаат методологија за прочистување на Избирачкиот список за да се уверат дека тој е коректен. СДСМ мораше да почне да се крие, откако ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека ќе ги прифати сите нивни услови и со тоа СДСМ стана буквално предмет на потсмев, рече Ѓорчев.

Според Ѓорчев, прочитана е нивната намера максимално да се одолговлекува кризата и да се бега од изборно соочување со граѓаните.

Тој додаде дека на сите им стана јасно дека СДСМ по ниту една цена нема намера да дозволи македонскиот народ да одлучува на избори. СДСМ, како што рече,  ја внесе земјава во агонија и криза и сака таа агонија и криза што е можно повеќе да продолжат затоа што немаат никаков капацитет за позитивен политички натпревар со идеи и проекти.

– Минатиов период СДСМ се закануваше дека ќе го запали Уставниот суд, дека за уши ќе ги влече и на клоци ќе ги ишутира и исфрла уставните судии. Се закануваше дека ќе составува листи на подобни за нив судии, а почнаа да поднесуваат и кривични пријави против судии за донесени одлуки врз основа на закон и врз основа на сопствено убедување. Најновиот ултиматум на СДСМ до Уставниот суд е следниов „или судете како што ние ќе ви кажеме од СДСМ, или ќе ја замрзнеме нашата работа во Собранието и ќе ја фрлиме државата во уште подлабока криза“. Ова е невидена бламажа и невиден притисок врз судот во демократска Европа. Ова го нема ниту во една европска земја, истакна Ѓорчев.

Со најновата одлука и ултиматум кон Уставниот суд, продолжи тој, СДСМ докажа дека тие и невладините организации под контрола на СОРОС се едно исто, останува уште да видиме дали пратениците на СДСМ ќе ги замрзнат и платите и ќе се финасираат од истиот извор од кој се финансираат и така наречените невладините организации.

ВМРО-ДПМНЕ, порача Ѓорчев, останува конструктивна во процесот и продолжува да работи во Собранието на Република Македонија.

– Продолжуваме да работиме на сите проекти кои ги ветивме и кои значат просперитетна иднина на граѓаните на Македонија. СДСМ ги обвини денеска и Брима Галуп и ИРИ дека лажат во анкетите и дека СДСМ не заостанува во анкетите зад ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ја знае вистината. СДСМ заостанува во анкетите убедливо, СДСМ ја нема поддршката на граѓаните на Република Македонија и затоа на аболицираниот криминалец Зоран Заев му порачуваме да собере храброст, да потврди дека се исполнети условите за избори и да излезе на соочување пред граѓаните на Република Македонија, рече Ѓорчев.

Најчитани вести