Ѓорчев: Тие нудат деструкција, ние нудиме просперитет за македонските граѓани

ефтов
Од една страна имаме деструкција, да се нанесе што е можно повеќе штета на Македонија и кризата да биде што подолга, а од друга страна, ние сакаме да се изградат што е можно повеќе градинки и да се реконструираат што е можно повеќе училишта, вели пратеникот Влатко Ѓорчев за време на посетата и средбата со граѓани во Брвеница.

„Сакаме да растат што е можно повеќе платите и пензиите и да се отворат што е можно повеќе фабрики. Тоа е контрастот, тоа се разликите, и таа порака ја носиме и тука во тетовско, во гостиварско, во дебарско и во мавровско реканскиот крај“, порача Ѓорчев од Брвеница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.