Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори ќе биде сигурен победник

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и актуелени претиник  во Собранието на Република Македонија Влатко Ѓорчев, вчера вечер на ,,Live Chat” одговареше на прашања поставени од граѓаните во живо преку социјалните мрежи.

На прашањето дали со стратегијата за интеграција на бегалците и странци 2017-2027, Македонија наместо транзитна ќе стане дестинација за траен престој на мигрантите, Ѓорчев посочи дека со новата стратегија на владата на СДСМ на Зоран Заев и на Мила Царовска, Македонија апсолутно ќе стане земја која ќе биде место и земја за траен простој за мигрантите и бегалците.

-Таква е стратегијата направена на 50 страни и таков е акциониот план, кој што владата на Република Македонија предводена од Заев има намера да го имплементира. Нивната владината стратегија е стратешки документ за следниве десет години кој вели дека глава по глава ќе се реализира и  дури 71 проект во акциониот план, а ќе се отпочне со реализација  по 2017 година. Прво се предвидува цитирам „долгорочно сместување во делот на домувањето на  мигрантите како дел од стратегијата за бегалци истранци“. Тоа значи дека ќе има изградба на голем број станови, домови, населни куќи и тоа не е за привремено транзитно решение за бегалците. Ние апсолутно сочувствуваме со болката на бегалците, Македонија е хумано општество, Македонија сака да помогне  и Македонија помага, додаде Ѓорчев.

Тој вели дека Македонија секогаш помагала и имала отворено срце и отворена врата за луѓето кои што се во неволја, затоа што граѓаните на Македонија се од сите етнички групи од сите вероисповести и националности, од сите региони на Република Македонија и знаат што е мака.

-Но истовремено Македонија има ограничени  ресурси и оние ограничени ресурси што ги има, првенствено треба да се трошат на граѓаните на Република Македонија. Затоа што имаме огромен број на луѓе во Македонија кои што ги немаат решено бројните прашања, а се од витално значење за нивниот живот, посочи членот на ИК на партијата.

На прашањето поставено  од граѓаните на социјалните мрежи, а кое се однесува  за  проценката за тоа кој ќе победи на претстојните локални избори, Ѓорчев одговори дека апсолутно очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи и на ниво на цела Македонија, а особено во третата изборна единица во источниот дел на Македонија.

-Исто така очекувам победа во општините  во шестата изборна едниница, а тоа  се Јегуновце и општината Маврово Ростуше. Исто така сме сконцентрирани на општина Брвеница и на повеќе други општини, анализираше Ѓорчев кој додаде дека очекува победа во првиот круг во Општина Илинден и во сите други поголеми  општини.

-Апсолутно очекувам ВМРО-ДПМНЕ да победи на ниво на цела Македонија на претстојните локални избори, анализираше Ѓорчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.