петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 75

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ не бега од соочување со граѓаните, апелираме за одржување на избори

vlatko-gjorcev

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори и апелира за одржување на истите, изјави за ТВ Нова членот на извршниот комитет на партијата, Влатко Ѓорчев.

Немаме потреба од било какво избегнување од соочување со граѓаните кое го прави СДСМ. Но, она на кое не сме подготвени е загрозување на македонските интереси, суспендирање и рушење на македонската демократија, рушење на Собранието на Македонија, на претседателот како институција на оваа држава и на Владата, изјави Ѓорчев.

Тој дополнува дека не е добро да се има безаконие и безредие во една држава.

Не може во 2016 година било кој новинар во Македонија да биде повикан, обвинет или казнет за искажано мислење, за искажан став или коментар. Тоа е уставна категорија во Република Македонија, слободата на изразување и на мислењето, кои се цивилизациска придобивка. Сакаме час поскоро решавање на политичката криза, по што треба да се сконцентрираме за она најважното за граѓаните, а тоа е економија, инвестиции, фабрики, отварање на нови работни места и животен стандард, изјави Ѓорчев.

Тој додава дела што поскоро треба да заврши вештачки креираната криза од страна на СДСМ, а на граѓаните од неа им е преку глава.

Минаа 26 години. ВМРО-ДПМНЕ има простор кој никој друг не го пополнува и една единствена улога, а тоа е цврсто опстојување на позициите на македонска државност, цврсто опстојување на позициите на македонска самобитност, демократија, повеќепартизам, но истовремено, особено во делот на функционирањето на Владата, функционирање со дела, проекти, функционирање со исполнување на економски резултати, бидејќи тоа е најважно за граѓаните, изјави Ѓорчев.

Најчитани вести