петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 76

Ѓорчев: Изминативе две години имаме секојдневен обид за дестабилизација на Македонија

Во наредните 55 дена со својата активност и мотив завзема став во наредните четири години. Ние сме подготвени да парираме на се со 62 пратеника, посочи Ѓорчев.

vlatko-640x360

Последни вести

Зад себе имаме голем број на битки кои сме ги имале во изминатиов период и сигурен сум дека во наредниот период  истите овие битки ќе ги имаме, а резултатите ќе бидат исти, изјави Влатко Ѓорчев, пратеник во Собранието на Република Македонија на панел дебатата.

-Собранието на Република Македонија  е законодавниот дом на македонската држава и највисок државнички орган на Македонија и ако една влада и една гарнитура е дестабилизирана во собранието, тогаш таа ќе биде од темел дестабилизирана. Ние во изминативе две години гледавме дека имаме темелен и секојдневен не само обид, туку и операција за  дестабилизација на Македонија. Таа се случуваше на неколку места, преку влезот во владата на Република Македонија на одредена гарнитура која тоа го злоупотреби надвор од било каков политички договор. Ударот и тоа како беше почувствуван во Куманово, страшен удар врз Македонија.

Дестабилизацијата  исто така беше почувствувана на улиците на Македонија, ние  имавме неколку обиди за влез во владата, неколку обиди за влез во собранието, неколку обиди за преземање на општините во Република Македонија,имавме  ситуација да биде вандализирана општина Битола, Прилеп, Крива Паланка, внимавајте зграда која беше реновирана буквално беше вандализирана. Дестабилизацијата не успеа бидејќи они кои што тргнаа за дестабилизација на Македонија не можеа да соберат 62 пратеника, а имаа неколку обида. Замислете што ќе се случеше со економијата со Македонија , со македонската државност  и унитарност доколку ќе ги собереа тие 62 пратеника, а тоа беше директен обид на СДСМ да влезат во собранието.
Тоа не успеаа бидејќи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ги имаше бројќи, имаше луѓе на кои не им беше сеедно да се случи тоа. Зошто не успеа тоа? Затоа што на минатите избори кога цела Македонија гласаше ние имавме 61 пратеник, тоа беше ‘р бетот и стабилноста на Република Македонија во изминативе две години.  Ударите се случуваа и се засилуваа но таа бројка не можеше да се промени, потенцираше Ѓорчев.

Тој исто така истакна дека ударите врз она што се нарекува Македонија што се нарекува унитарност, стабилност на владата апсолутно ќе продолжат и во иднина, но прашањето е дали ќе успееме или ќе имаме дестабилизација.

Во собранието клучни се бројки, ВМРО-ДПМНЕ секако на наредните избори ќе ја состави владата, но не е сеедно дали со 55 или со 62 пратеници. Наредните 55 денови ќе се одлучи за стабилноста и за проектите за наредните  години. Во наредните 55 дена со својата активност и мотив завзема став во наредните четири години. Ние сме подготвени да парираме на се со 62 пратеника. Во изминативе два дена ги слушнавме сите проекти на владата на Македонија,  а сето тоа би се случило само ако имаме стабилност во наредните четири години, ќе расте економијата, ќе може да ги качуваме пензиите, ќе овораме нови фабрики и работни места , сето тоа е стабилноста во парламентот а стабилноста се мери со бројки, вели пратеникот Влатко Ѓорчев.

Најчитани вести