Ѓорчев: Во Македонија се случија насилнички избори

Република Македонија во текот на вчерашниот ден ги имаше најнерегуларните и нај недемократските избори во историјата на независна Македонија и никогаш во последниве 27 години немало понасилни избори и немало избори со поткуп и насилство, вели на денешната прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Забележани и документирани се огромен број на нерегуларности како и индиции за поткуп, закани и уцени вклучувајќи и од полициски службеници. Уште од рано изутрина беше прекршен изборниот молк, а постојат и сериозни докази дека биле полнети изборните кутии со така наречениот бугарски воз во повеќе општини во државата. ВМРО-ДПМНЕ до меѓународните претставници до ОБСЕ и ОДИХР достави видео и фото материјали за голем број од забележаните нерегуларности, потенцира Ѓорчев.

Тој додава и дека медиумите вчера објавиле снимка од која се гледа како активист од СДСМ во Штип дава поткуп на граѓанин.

МВР и државните институции на СДСМ не реагираа и го премолчеа овој поткуп, а целата полиција беше на располагање на СДСМ и полициски припадници физички им се закануваа на гласачите кои не се од СДСМ да излегуваат од својот дом, рече Ѓорчев.

Ѓорчев на пресот го објави видеото каде припадник на МВР се заканува на гласач во Бутел да не излегува на гласање и кажа дека луѓето сакаат дома да ги тепаат, во куќен двор.

Припадник на МВР се заканува на човек што има 60-65-70 години и му вика не искачај од дома. Што му фали на припадникот на МВР? Ништо! Кога тој се однесува вака, во сред Скоје, пред камера, можете да замислите што се случува по помалите градови, што се случува по помалите улици што се случува по селата и по населбите, каде што нема камери. Дома им се закануваат на луѓето дека ќе ги тепаат. Здрав, прав човек од 35-40 години се заканува на човек што има 60-65-70 години, дека дома ќе го тепа и него и син му, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев напомена дека вака фунционирало МВР насекаде низ државата, дека вака полициски службеници им се заканувале на граѓаните да не излегуваат на гласање и дека оваа појава била масовна низ цела Македонија.

Во Визбегово, во истата општина Бутел, со фотографија е документирано делење шеќер, зејтин и други материјали до граѓаните, од страна на локален лидер за време на изборниот молк и изборниот ден. Значи, зборуваме за носење на товари материјали, шеќер, зејтин, брашно и други материјали од страна на локален лидер на СДСМ документирано со фотографија и никому ништо. Пријавено реакција никаква, изјави Ѓорчев.

Тој, исто така, посочи дека вчера, на денот на изборите, во село Брњарци, општина Гази Баба, се искршени над 40 надгобрни плочи на православние гробишта, како психолошки притисок од страна на власта со цел граѓаните да не излегуваат да гласаат.

ДИК е партиска испостава на СДСМ

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе приговори до Дрѓавната изборна комисија тој одговори со прашање „во која ДИК да поднесат приговори?“.

ДИК е партиска испостава на СДСМ, вклучувајќи го и претседателот. Ние во ДИК не веруваме, изјави тој и го повика СДСМ ако има доблест да излезе и да се согласи претседателот на ДИК да биде избран на предлог на опозицијата.

Што се однесува до избраните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и дали тие ќе поднесат оставки бидејќи партијата не ги признава изборите, Ѓорчев со одговор:

Градоначалниците на СДСМ се избрани со поткуп и насилство, тие треба да поднесуваат оставка, бидејќи тие имаат бенефит од оваа лакрдија што и се случи на Македонија.

Обвинувајќи дека нема демократија во Македонија, тој ги повтори седумте барања што ги кажа синоќа Груевски.

Тој ги повтори седумте барања што ги кажа синоќа Груевски.