Ѓорчев: За да се решаваат проблемите потребна е стабилна влада

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денес оствари посета на оптина Боговиење каде се сретна со жителите.

-Главните проблеми тука се поврзани во делот на инфраструктурата, патишта, здравствена заштита. За да решаваме што е можно повеќе проблеми потребно ни е да имаме стабилна влада. Ако имаме стабилна влада ќе имаме решавање на проблемите и стабилна држава.  Ако имаме нестабилна влада и проблеми во Собранието, во владата тогаш ќе се зголемуваат проблемите, истакна Ѓорчев.

gjorcev

Тој додаде дека приоритетите на граѓаните се нивни приоритети и затоа се насочуваат кон решавање на реалните проблеми кои ги мачат граѓаните и подобрување на условите за живот.