Македонија,Крими хроника

Прифатено обвинение на СЈО Гордана Јанкуловска на обвинителна клупа за набавка на луксузниот „мерцедес“

Гордана Јанкуловска на обвинителна клупа за набавка на луксузниот „мерцедес“

Советот за утврдување на обвинителни акти го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тенк“, објави МИА, повикувајќи се на потврда на информацијата од свои извори во СЈО.

Се’ уште не е утврден датумот за почеток на судењето, ниту е определен судија кој ќе го води предметот.

Случајот „Тенк“ се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и началникот за јавни набавки Ѓоко Поповски, односно за набавка на луксузниот мерцедес вреден над половина милон евра, со што му нанеле штета на државниот буџет.

Апелацискиот суд Скопје, како што објави МИА, на 8 ноември одлучи прислушуваните разговори за набавката на луксузниот „мерцедес“ да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“.