Македонија

Гореше автобус на Рекорд, се спасуваа пензионери и деца, нова симулациска вежба

Гореше автобус на Рекорд, се спасуваа пензионери и деца, нова симулациска вежба

Црвениот крст на Град Скопје традиционално се вклучи во одбележувањето 70 години од ослободувањето на градот, со симулација на спасување на дваесетина повредени лица од запален автобус, која денеска се случи на Рекорд.

Во овој настан беа ангажирани 60 волонтери од тимот за одговор при катастрофи, познавачи на првата помош.

simulacija3

Од Црвениот крст потенцираат дека со настанот се обидуваат да ја доближат првата помош до граѓаните и да ја потенцираат нејзината важност.

simulacija5

Минувачите беа возбудени од симулацијата на пожар во автобус, туку гледаа како тим од 60 волонтери на Црвениот крст ги спасува глумците.

simulacija6

По вежбата, сообраќајот веднаш беше нормализиран.

simulacija9