Ѓорѓиев: До Владата доставени оставките на министрите и замениците-министри од ДУИ

Министрите и замениците министри од ДУИ денеска ги поднесоа оставките до Владата на Република Македонија.

Можам да потврдам дека до Владата се пристигнати сите оставки на министрите и замениците-министри од редовите на ДУИ. Станува збор за оставките на министрите Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и на заменик-министрите Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами, изјави за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Претседателството на ДУИ на синоќешната седница донесе едногласна одлука сите министри и заменици министри на ДУИ да поднесат неотповикливи оставки.