Ѓорѓиевски до СДСМ: Мерката за бесплатна ласерска корекција на диоптријата е за доброто на граѓаните!  

Денес во Собранието на Репбулика Македонија во рамките на 111-тата седница на дневен ред се најде и точката за изменување на Законот за здравствено осигурување со кој што како услуга ќе се воведе и ќе се овозможи бесплатна ласерска корекција на диоптријата кај младите лица. Овие измени добија зелено светло и беа изгласани од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата, додека пратениците од СДСМ беа против.

Во таа насока, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски во својата реплика кон пратеничката од редовите на СДСМ Јагода ШАхпаска истакна дека со оваа мерка ќе бидат опфатени лица кои имаат диоптрија од минус  2 надоле и од плус 2 нагоре и дека за реализација на оваа позитивна мерка во првата година веќе се предвидени определен број на средства.

Колешке Шахпаска, пред се би сакал да ве исправам околу диоптријата на пациентите за кои оваа мерка ќе се однесува. Значи од минус 2 надоле и од плус 2 нагоре. И второ, самиот заменик – министер кажа на Комисијата за здравство дека со подзаконски акти ќе се утврди точната популација за кои оваа мерка ќе се однесува поточно за студентите кои ќе можат да влезат во оваа категорија и затоа првично, за 2017 година е предвидена квота од 11 милиони, а потоа секоја година по 3 милиони бидејќи со првата година се очекува да бидат опфатени сите, истакна пратеникот Зоран Ѓорѓиевски.

Сепак, пратеникот Ѓорѓиевски посочи дека е зачуден поради негативниот став околу оваа мерка од страна на колешката пратеничка од СДСМ Шахпска, пред се, како што кажа тој, поради фактот дека и таа е лекар кој што треба без разлика на се’ да работи во корист на пациентите и граѓаните.

Но, мојата реплика се однесува нешто друго. Колешке, секоја нова позитивна мерка која има за цел да го унапреди здравјето на секој млад човек и да го подобри сопствениот квалитет на живот е популистичка мерка затоа што се однесува на народот, за добробит на народот. А во врска со вашето тврдење дека сите овие мерки се предизорен маркетинг , па колешке Шахпаска да излезевте на избори во април или јуни, оваа мерка ќе си беше регуларна, после избори, затоа што сите мерки што ги носиме по програмата на министерството за здравство нам, со избори секоја година ни се предизборни мерки. Значи и таа теза не држи. Меѓутоа таков негативен став за оваа мерка ме изненади, бидејќи доаѓа од лекари кои во животот имаат цел да се борат за секој еден живот, а камоли за толку луѓе за кои оваа мерка се однесува, заврши Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.