Ѓорѓиевски: Полицијата не смее да биде изборна алатка на СДСМ и да работи по нејзина волја

Недозволива е намерата на СДС, полицијата, да ја стави во функција на партијата. Полицијата не смее да биде изборна алатка на СДС и да работи по волјата на партијата на власт, туку мора да работи исклучиво согласно закон. Граѓаните на Република Македонија изминативе 100 дена се сведоци на скандали и штетни политики кои станаа основен белег на владеењето на СДС и Заев, истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Свесни дека на 15-ти октомври на претстојните локални избори ќе се соочат со голем пораз, прават стратегии за поткуп на гласачите преκу ангажирање на полицијата во нивна фунκција. Преку свот анализи на таблите по општинските организации СДС призна дека сакаат да го исκористат државниот буџет и со сеење на страв и уцена да ги потκупат граѓаните. Јавно ги повикуваме Државната изборна комисија која е диреκтно вклучена во изборниот процес, Јавното обвинителство и меѓународната заедница да реагираат на овој тежок сκандал и да ги осудат ваквите противзаконски дејствија на Зоран Заев и Оливер Спасовски“, рече Ѓорѓиевски.

Република Македонија е правна држава, додаде Ѓорѓиевски во која секој мора да работи во согласност со законот, а не по волјата на партијата на власт.

„Граѓаните на Република Македонија за овие 100 дена ги препознаа штетните политики на СДС. Оваа погрешна и катастрофална политика на СДС може и мора да се прекине. Тоа ќе се случи на претстојните локални избори на 15-ти октомври кога граѓаните јасно и недвосмислено ќе го казнат Зоран Заев и СДС“, заклучи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.