Ѓорѓиевски посети 10 социјално загрозени семејства

Претседателот на Општински комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денес посети 10 социјално загрозени семејства при што беа донирани хигиенски и прехранберни продукти.

Тој истакна дека хуманитарната акција се реализира традиционално секоја година пред новогодишните и божиќните празници, кај најранливите категории на граѓани.

d

-Сите семејства кои што денес беа посетени добија хуманитарни пакети со прехранбени и хегиенски производи, а дополнително кај две семејства дониравме дрва за огрев, истакна Ѓорѓиевски.

Претседателот на ОК Кисела Вода додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина со реализација на конкретни активности со кои се потврдува општествената одговорност и грижата за сите категории на граѓани.

d2

d3

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.