петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 96

Ѓорѓиевски: Во проектот што го презентираше Груевски за изградба на 140 градинки е опфатено и Куманово

gor

Последни вести

Средба со граѓаните од населбата „Гоце Делчев“ во Куманово, денеска имаше Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски посочи дека на овие средби со граѓаните се запознаваат со нивните проблеми кои подоцна ги решаваат.

„Можеме да се пофалиме дека едно барањата кое ги мечеше со години жителите од населбата „Гоце Делчев“ во Куманово беше дислокација на центарот за наркозависници. Наназад години тој центар беше сместен до градинката и до основното училиште и со својата локација беше голема опасност за младите генерации од оваа населба. Со наш напор беше завршена работата. Центарот во април месец е дислоциран од населбата Гоце Делчев“, рече Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека во проектот што го презентираше претседателот Никола Груевски за изградба на 140 нови градинки во Р. Македонија е опфатено и Куманово.

„Две градинки во Куманово влегуваат во тој проект за проширување на својот капацитет. Едната градинка во населба „Гоце Дечев“ и другата градинка во центарот на Куманово“, рече Ѓорѓиевски.

Како најгорлив проблем жителите на оваа населба го истакнаа проблемот со невработеноста.

Најчитани вести