Ѓорѓиевски: Законот за јазици излегува од Уставот и од Рамковниот договро

Овој закон за јазици е неуставен од самиот почеток. Ова е закон којшто СДСМ сака да го протне на мала маса, односно под тепих протнат, а знаеме дека СДСМ се познати како политичка партија која и во минатото носела закони на тој начин, изјави во емисијата Алфаскоп на телевизија Алфа, членот на извршниот Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

„Со тоа што сака СДСМ да го спроведе овој закон, односно да го стави во сила, ние освен што излегуваме од Уставот на Република Македонија излегуваме и од рамката на Охридскиот рамковен договор. Ова е закон кој што нема ништо добро да донесе на македонските граѓани, најмалку добро ќе донесе за нашите сограѓани- Албанците, потенцираше Ѓорѓиевски.

Во врска со поднесените амандмани тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што секогаш својата работа ја темели на демократските принципи и начела, а едно од нив е токму поднесувањето на овие 36.000 амандмани во Собранието на Република Македонија.

„Нашите пратеници во Собранието се и гласот на народот во законодавниот дом и тие ги преставуваат мојот став, вашиот и ставовите на експертската јавност. Ние видовме дека експертската јавност во Република Македонија, и тоа дел до експертската јавност која во минатото важеше за гласноговорник против ВМРО-ДПМНЕ излезе со најостри критики по основ на овој закон. Самото тоа кажува дека законот не се движи во добра насока и дека во законодавниот дом кој што треба да биде лулка на демократијата треба да се дискутираат сите закон, а особено овој закон“, рече Ѓорѓиевски.

Додаде дека ако ВМРО-ДПМНЕ беше единствен критичар на овој закон тогаш можеше да се мисли дека се сакале да закочат некој процес, но во овој случај постои непочитување на волјата на мнозинството на граѓани на Република Македонија како непочитување на целата експертска јавност.

„Едноставно е решението. Парламентарното мнозинство во Собранието нека го повлечат овој закон кој е неуставен. Нека ја приклучат целата експертска јавност нека приклучат академици од МАНУ, на тој начин ќе направиме закон за општото добро. Заев постојано велеше дека ќе има дебата, а гледаме дека во изминативе девет месеци дебатата недостасува“, нагласи Ѓорѓиевски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.