Горѓиев: Досега се вработени 2.883 лица до 29 години

Преку владината мерка за ослободување од плаќање на придонеси на работодавачите кои ќе вработат млади лица до 29 годишна возраст, до сега се вработиле вкупно 2.883 лица од кои 45 се магистри или доктори на науки, 742 вработени се со високо образование, пет со вишо, 1.718 со средно и 373 со основно образование, пришува порталот „Курир“.

Оваа мерка, како што нагласи владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, дава ислучително позитивни резултати, посочувајќи дека во периодот додека таа е на важност 1.735 компании побарале вработување на 3.004 лица, од кои што 2.883 се веќе вработени. Од нива 1.390 се жени.

„Ако се земе в предвид дека мерката е на сила некаде 140 денови, доаѓаат по 20 вработувања дневно што е исклучително добар и позитивен резултат. Ова е добра можност за сите претпиемачи и бизнисмени коишто сакаат да вработат кадар да ја искористат, затоа што на тој начин ќе доведат до заштеда на своите трошоци по однос на плати во висина од 37 отсто, односно 10 проценти персонален данок и 27 проценти од придонесите и на тој начин тие средства коишто ќе ги заштедат да можат алтернативно да ги употребат во развој на својот бизнис, да остварат двострана корист и за својата компанија и за приходите коишто се остваруваат, а од друга страна и да вработат лица што е основна и приоритетна цел на Владата на Р.Македонија“, истакна Ѓорѓиев.

Од вкупно вработените 2.883, најголем број се вработиле на работни места на територијата на град Скопје, односно 411 лица, 144 лица се вработиле во Струмица, а 136 во Тетово.