Гори дел од шумата пред патарината кај Велешко езеро

Дел од шумата пред патарината кај Велешко езеро е во пламен, пишува порталот Република.

Од Дирекцијата за заштита и соасување соопштија дека на територија на општина Велес е активен пожарот кој бил забележан попладнето во околината на село Отовица. Опожарени се 30 хектари површина­ пасишта и нискостеблеста шума. На терен се ангажирани ТППЕ Велес со 3 возила со 10 пожарникари, Македонски Шуми со 20 лица. Гасењето на пожарот е во завршна фаза, и се очекува во наредните часови да биде целосно изгаснат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.