Гори линијата Ало докторе

Вкупно 45.330 повици на линијата 02 15123 откако почна да фунционира телефонската линија за медицински совет Ало докторе.

За четири дена 1.175 повици за медицински совет

Од 27 јули до 1 август на линијата за медицински совет Ало докторе се јавиле 1.175 лица. Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија Ало докторе им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија, соопшти Здравствен дом Скопје.

За што најчесто се јавуват граѓаните

za-devet-meseci-na-linijata-alo-doktore-sovet-pobarale-recisi-40-000-licaЈавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, стомачен вирус и симптомна болка.

Топлото време го зголеми бројот на повици

Поради високите температури многу често се јавуваат граѓани за совети и препораки поврзани со топлото време, заштита од сонце и совети околу терапијата за хронични болести.

Почитувајте ги препораките

Откако земјата беше зафатена од значително високи температури и потопло време беа воведени препораки како низа мерки за заштита на граѓаните.

vikendov-toplo-od-ponedelnik-ushte-potoplo-1Се препорачува на работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.Владата на Република Македонија, по предлог од Министерството за здравство донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.

Препораките беа донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури.

За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, носење светла и лесна облека, избегнување престој на отворено, консумирање лесна храна, термички обработена храна и повеќе течности (а да се избегнува консумирање на лесно расиплива храна), редовно одржување хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Поради топлото време воведено е и ограничување на движењето во шумите и шумските појаси во период од 7 до 17 часот.

 

 

Повеќе за препораките на следниот линк.