„Гори“ линијата Ало докторе

Вкупно 51.711 повици од започнувањето со работа на линијата за медицински совет Ало докторе на 02/15 123.

Изминатава недела на Ало докторе имало вкупно 1.175 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Од први септември линијата e засилена со тројца нови специјалистиВкупно 25 лекари се достапни за медицински совет за јавувањата  кои се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Повиците се  со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за  кардиоваскуларни и респираторни симптоми ,главоболки, покачена телесна температура ,стомачен вирус, алергиски реакции и симптомна болка.

 На линијата Ало докторе често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која  редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок.

На сите оние лица кои побараа  медицински совет на телефонската линија Ало докторе им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.