Гори мешана шума на Караџица

Пожар на Караџица. Пожарот е лоциран над селото Дејковец во општина Зелениково, каде гори мешана шума.

Денес во утринските часови, по добиено барање од општина Зелениково за помош при гасење на пожар пренесен на непристапен терен  со опасност да зафати поголема шумска површина на Караџица, во 9 часот се активирани два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување е на лице место и ја следи состојбата.