ТОП,Македонија

Горивата поскапуваат, од полноќ нови цени

Горивата поскапуваат, од полноќ нови цени

Горивата поскапуваат. Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата. Бензините поскапуваат за 0,50 денари, а дизелот за 2 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 58 денари, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60 за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.01.2016 година.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 41,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 29,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,389 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 25.01.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 15,246 ден/кг.