Македонија,Економија

Горивата поскапуваат за половина денар

Горивата поскапуваат за половина денар

Цените на горивата од полноќ поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ, новата цена Еуросупер БС-95 ќе изнесува 78 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 79,50 денари за литар а Еуродизел ќе се точи по цена од 69 денари. Поскапува и Екстра лесното масло за домаќинства и новата цена ќе изнесува 58 денари за литар.

Мазутот поскапува за 0,702 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 40,086 денари за килограм.