петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Гориво од Исламската држава се продава во Бугарија

Бугарските служби веќе пет дена по ред ги контролираат бензинските пумпи во Софија и во уште 15 региони во земјата

gorivo

Последни вести

Бугарските медиумипишуваат дека гориво од „Исламска држава“ се продава на бензинските пумпи во Бугарија.

Горивото во Бугарија доаѓа од царинскиот склад во Грција и е наменето за внатрешна испорака во ЕУ, наведува дневниот весник „Труд“, кој се повикува на извор од царината.

По електронското следење на морскиот сообраќај, утврдено е дека танкерите, пред поаѓањето од Грција до Бугарија, патуваат до седум турски пристаништа во Црното и Средоземното Море.

Се смета дека таму се полни нелегалното гориво од Сирија и Ирак, кое го контролира терористичката организација Исламска држава.

„Труд“, наведува дека горивото е со низок квалитет бидејќи се произведува во технолошки застрени рефинерии.

Бензинот од евростандардите отстапува за 20-40 проценти, а дизел горивото од 35-70 отсто, што е сигурен знак дека не потекнува од грчките царински складишта туку дека танкерите патуваат до Грција со цел да се снабдат со документи.

Бугарските служби веќе пет дена по ред ги контролираат бензинските пумпи во Софија и во уште 15 региони во земјата.

Најчитани вести