недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 14

Господ нека ви е напомош кога купувате бела техника

Дали производствените компнии, на веќе докажани брендови, намерно прават помалку квалитетни делови за производите да траат пократко, а со тоа и почесто да се купуват нови? Како и да е, машина за перење која врти и по дваесет години веќе стана мит

Машината за перење која врти и по дваесет години стана мит

Машината за перење која врти и по дваесет години стана мит

Последни вести

Неквалитетната бела техника која често и брзо се расипува е проблем за кој веќе неколку години наназад алармираат граѓаните во Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Многу често, апаратите за домаќинство се расипуваат и веднаш по истекот на гаранцијата, но, не ретко и по краток период откако ќе бидат купени. Денес дури е тешко и да се замисли дека некоја машина за перење алишта ќе функционира дваесет години, како стандардна норма штo беше воспоставена во минатиот период.

Може да се забележи дека македонскиот пазар е преплавен со евтини технички уреди од помалку познати марки. Шпорети, фрижидери, машини за перење алишта и другу уреди за домаќинството никогаш не биле подостапни. Но, во исто време, имаат се’ пократок век на траење и по некое правило се совпаѓа токму со времето кога ќе истече гаранцијата, а поправката чини речиси колку и цената на нов таков апарат.

Се чини дека една работа повлекува друга, па, поради пониската куповна моќ на граѓаните, денеска цената е многу поважна од квалитетот. Но, со самото тоа, се зголемува и ризикот неочеувано брзо да останете без апаратот, па да морате повторно да го трошите домашниот буџет за иста работа.

Голем број граѓани кај нас го искушиле овој проблем. Дел од нив успеале да се „испазарат“ и да добијат нов, дел чекаат со месеци да им се реши проблемот, а некои, едноставно, имале лоша среќа, па апаратот им се расипал набрзо откако поминла гаранцијата.

 „Пред две години купив електричен шпорет со три години гаранција. По само една година користење, прво изгоре едната рингла, а по уште еден месец, изгоре уште една. Се јавивме во сервисот што е овластен со гаранцијата и сега очекуваме деновиве да се јават и да ни кажат кога ќе може да дојдат за да го поправат уредот. Во спротивно, доколку не се појават, ќе бидеме приморани сами да платиме за да се сервисира уредот, а ако се земе во предвид колку чинат двете рингли и работната рака за мајсторот, практично ќе излезе како да сме платиле уште најмалку 4.000 денари за истиот шпорет“, раскажува една скопјанка.

Законски, доколку производот се расипе уште во првите шест месеци, се смета дека станувa збор за некоја фабричка грешка и тогаш трговецот треба да докаже зошто се појавиле тие проблеми. Над шест месеци, купувачот е тој што треба да докаже дека не направил ништо со што го расипал производот.

„Со сопругот купивме конвектор во ноември годинава. Уредот беше со една година гаранција. По само еден месец користење, иако конвекторот го користевме според упатството, една вечер почна да фрла искри и се расипа. Прво се јавивме во сервисот што е наведен во гаранцијата, но оттаму ни рекоа дека тие не ги поправаат тие уреди. Повторно се јавивме кај продавачот, но оттаму пак ни посочија да се јавиме во наведениот сервис. И така натегање, среде јануари, среде зима, практично кога уредот ни беше и најпотребен. Другиот ден отидовме кај продавачот и ги замоливме тие да се јават во сервисот и самите да прашаат што да правиме со уредот, кој уште цели 11 месеци е под гаранција. Оттаму стапија во контакт со извесен сервисер (кој практично немаше никаква врска со наведениот во гаранцијата) и не упатија да се обратиме таму. Со оглед на тоа дека беше петок, а сервисерот не беше достапен за викенд, уште два дена останавме без греалка. Во понеделникот му го доставивме уредот на сервисерот, кој го поправи за само еден ден. На крај се испостави дека изгорел доводниот кабел. Кога го прашавме, како тоа изгорел, ни рече дека фабрички на уредот му бил вграден послаб електричен кабел и затоа избил. Среќа во целата несреќа е што ние бевме дома кога уредот почна да искри и што реагиравме веднаш“, вели еден оштетен клиент.

Сепак ако е за утеха, ова не е само наш проблем, туку прашањето поврзано со неквалитетните производи на бела техника е нотирано и во светски рамки. Па, оттука се вади логичниот залучок дека производствените компании и на веќе докажани брендови, намерно прават помалку квалитетни делови, за производите да траат пократко, а со тоа и почесто да се купуват нови.1

Од Организацијата за потрошувачи во неколу наврати го потенцираат и проблемот со резервните делови и сервисот на овие апрати.

Надлежните постојано ги предупредуваат граѓаните да внимаваат кога купуваат бела техника и други производи кои се на попуст, бидејќи не ретко, при вакви акции се продаваат и неквалитетни производи.

Во сето ова, добро е што е свеста на потрошувачите за своите права е зголемена, а надлежните постојано апелираат секој проблем поврзан со кршењето на нивните права да го пријават во Организцијата на потрошувачи и Државниот пазарен инспекторат.

Најчитани вести