Гостивар: Додека го средувал дворот, му провалиле во куќата

Вчера во 13.10 часот во полицијата во Гостивар Д.К. (41) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 13.00 часот, додека го средувал дворот, забележал дека некој се движи на горниот кат од куќата.

Како што информира МВР, Д.К. земал мотика, влегол во куќата и видел дека вратите од собите се насилно отворени и дека во нив е направено пребарување.

Во една од собите пронашол непознато лице, кое во раката држело прожектор, кој го фрлил кон Д.К. и го погодил во ногата, по што почнало да трча по скалите. Пријавителот со мотиката го удрил непознатото лице во пределот на грбот, но истото успеало да избега.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Гостивар и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.