четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Гостивар: Дошле како туристки, но работеле како танчерки

Tри странски државјанки кои во земјава дошле како туристки, но работеле како танчерки во угостителскиот објект „Тоникс“ во Гостивар синоќа биле откриени при акциска контрола во споменатиот објект.

tancerkii

Поврзани вести

Tри странски државјанки кои во земјава дошле како туристки, но работеле како танчерки во угостителскиот објект „Тоникс“ во Гостивар синоќа биле откриени при акциска контрола во споменатиот објект.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, при контролата, во објектот биле затекнати две странски државјанки од Република Албанија и една од Република Србија, на возраст од 29 и 35 години.

Трите странски државјанки го злоупотребиле туристичкиот престој во нашата земја и непријавено престојувале на подрачјето, поради што заедно со сопственикот на објектот, С.Е.( 44 ) од Чајле, приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар, изјави Јосифоски.

По кусото задржување, странските државјанки предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка и ќе се соочат со соодветен поднесок.

Во текот на денот, странските државјанки ќе бидат изнесени пред судија за прекршоци во гостиварскиот суд. Странските државјанки се соочуваат со парични глоби, забрана за влез во Македонија и депортирање во матичните држави.

Најчитани вести