Гостивар ќе им ги отпишува долговите за вода и комунални отпадоци на социјалните сллучаи

Општина Гостивар ќе изврши еднократен отпис долговите на граѓаните за користење на вода за пиење и превезување на отпадоци кон Јавното претпријатие “Комуналец”, создадени до 31 декември 2013 година, а неплатени повеќе од 12 месеци, кои се заведени како долг кон ЈП “Комуналец”- Гостивар.

Правото за отпис на долгот може да го користат граѓаните кои до 31 декември 2013 година имале статус на корисник на социјална парична помош или постојана парична помош, лица кои се регистрирани ка невработени во Агенцијата за вработување на Република Македонија како невработени лица кои активно бараат работа повеќе од 12 месеци, како и лица изложени на социјални ризици поради смрт, инвалидитет или потешка болест.

Граѓаните од овие категории во рок од 45 дена почнувајќи од денеска, 25 март, во Центарот за општински услуги при Општина Гостивар да поднесат документи за користење на правото на отпис на долговите кон ЈП “Комуналец” за вода и ѓубретарина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.